(ФОТО) СТРАВИЧЕН НАСТАН – Поранешен јуниорски светски шампион и богат пар по хеликоптерската несреќа во дивина изедени од мечки

По падот на хеликоптерот што се урнал на Камчатка на 16. јули на крајниот североисток на Русија, истрагата по неколку дена потврдила дека кафеавите мечки изеле тројца патници, меѓу кои бил и 25-годишниот руски биатлонец Игор Малиновски кој управувал со хеликоптерот.
Починал заедно со Зоја Кајгородова и Сергеј Колесњак, а следниот ден во близина на преминот Семјачков, на 13. километри од вулканот Узон, биле откриени коски на три лица.
Не се знае дали патниците биле веќе мртви кога мечките ги пронашле и ги изеле на местото на несреќата, а хеликоптерот бил во сопственост на компанијата „Взљот“ со кој управувал таткото на починатиот спортист.
Игор Малиновски беше руски биатлонец кој стана пилот по завршувањето на неговата биатлонска кариера. Тој беше светски јуниорски шампион во биатлон, а Каигородова руските медиуми ја опишуваат како позната деловна жена во нејзините 30-ти. Нејзиниот партнер Колешњак бил сопственик на компанија за мобилни телефони.


Калдера Узон, која се наоѓа во јадрото на вулканската зона на Камчатка, била крајната дестинација на нивното патување на денот на трагедијата. Нивниот хеликоптер требало да слета во соседното село Милково во 7. часот по локално време. Меѓутоа, комуникациите на хеликоптерот престанале, што предизвикало пребарување.
Според извештаите, нивната деветдневна турнеја чинела нешто повеќе од 5.000 долари. Лошото време, наводно придружено со темни облаци и слаба видливост, ги спречило екипите за пребарување и спасување веднаш да се вклучат. Изгорениот хеликоптер бил откриен следниот ден кога времето се расчистило.

Руските биатлонци му оддале почит на Малионовски:
„Целото наше биатлонско семејство тагува. Руската биатлон федерација изразува длабоко сочувство до семејството и пријателите на Игор“, се вели во пораката.


Фото: Принтскрин/Twitter/монтажа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …