(ВИДЕО) ИНТЕРЕСНА СНИМКА – Брус Вилис и неговата ќерка насмеаја многумина со нивните урнебесни танцови потези

Брус Вилис и неговата ќерка се испробаа во танцов предизвик, а нивните движења насмеаа многу корисници на социјалните мрежи.
Во петокот, неговата сопруга Ема Хеминг Вилис сподели видео на Инстаграм како добитникот на Златен глобус и нивната ќерка Мејбел Реј танцуваат.

Прикажувајќи потези на вирална верзија на „About Damn Time“ на Лизо, Мејбел ги започнува работите со движење на колковите напред-назад пред актерот да се обиде, а неговиот обид го насмеа девојчето.
Семејството на Брус во март објави дека тој ја напушта својата повеќедецениска актерска кариера откако му беше дијагностицирана афазија, јазично нарушување што влијае на неговите когнитивни способности.
Потсетуваме, легендарниот актер неодамна беше виден во јавноста откако беше објавено дека боледува од афазија. Уживаше во прошетката во Лос Анџелес со сопругата Ема Хеминг, што потврдува дека болеста не го променила многу неговото секојдневие.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …