(ФОТО) СЛАВНАТА УБАВИЦА ЈА разбеснела јавноста:„МАЖЕНА ЖЕНА не смее да му каже НЕ на мажот во кревет – тоа се само 10. минути од вашиот живот. Сопругот и јас сме како зајаци и затоа сме СРЕЌНИ!“

Каприс Буре, американска бизнисменка, актерка и модел, неодамна ја возбуди јавноста и предизвика бурни реакции велејќи дека мажените жени „не смеат да кажат не“ кога нивниот сопруг сака да имаат односи.
Познатата 49-годишна жена откри дека тајната на нејзината добра врска со сопругот Тај Комфорт (55) е дека тие се „како зајаци во спалната соба“.
Да потсетиме, парот беше заедно цела деценија пред да ги разменат брачните завети во 2019. година. Имаат и осумгодишни близнаци Џет и Џекс.


Каприс Буре со сопругот Тај

„Тоа се само 10 минути од твојот живот. Не можеш да кажеш ‘уморна сум“, ‘ме боли глава’,’не сакам’, вели таа во интервју за списанието ОК.
„Девојки, мојот совет ви е ако не сте расположени бидејќи денот бил долг – тоа се само 10 или 15 минути од вашиот живот“, нагласила таа.
Русокосата убавица додала дека врската е пред распад доколку сексуалниот живот во неа оди надолу.


Двојката има еден од најдобрите бракови во светот на шоу -бизнисот


„Мораш да го одржуваш во живот. И ако можеш да се одмориш од напорниот ден и да уживаш во сексот, тоа е неверојатно. Тоа е најдобриот начин за ослободување од стресот”, вели Каприс.
Г-ѓа Буре и инаку зборува за својот интимен живот многу отворено, така што минатата година страниците на медиумите беа исполнети со наводи дека таа и нејзиниот сопруг карантинот го поминуваат речиси исклучиво во туткање на чаршафите.
„Фала му на Бога што не можеме повеќе да имаме деца, инаку дефинитивно ќе имаше многу од нив на пат“, наводно, дури и на шега им рекла на своите пријатели минатата година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …