(ФОТО) Скарлет Јохансон се породила, откриено и името на бебето

ОТКАКО некое време се шпекулираше дека Скарлет Јохансон е бремена, нејзиниот сопруг Колин Јост за списанието „People“ откри дека актерката се породила. Тој исто така ја споделил веста и на Инстаграм.

„Ок, ок, добивме бебе. Се вика Космо. Го сакаме многу”, напишла тој, барајќи приватност.


View this post on Instagram


A post shared by Colin Jost (@colinjost)


Ова е прво дете на Колин, додека Скарлет веќе ја има седумгодишната ќерка Роуз Дороти со новинарот Роман Дауриак.
„Скарлет е бремена, но тие го кријат тоа. Таа се обидува да се држи подалеку од центарот на настаните”, рекол неименуван извор за Page Six уште на почетокот на јули.
Гласините за бременост започнаа откако некои забележаа дека актерката ретко се појавува на промотивни настани за филмот „Црна вдовица“.
Актерката не учествуваше премногу во промотивните активности околу филмот „Црна вдовица“, што беше невообичаено, бидејќи се работи за голем хит на Дизни и Марвел во кој таа беше главна актерка и извршен продуцент.

Наместо јавни настапи, Скарлет го промовираше филмот преку Зум, и многумина забележаа дека за време на гостувањето кај Џими Фалон, исто така преку видео повик, била снимана исклучиво од рамениците нагоре.
Подеднакво тивко и се уште далеку од очите на јавноста, Скарлет и Колин се венчаа кон крајот на октомври 2020 година.
Никој немаше идеја дека венчавката се подготвува се додека на социјалните мрежи на хуманитарната организација Meals on Wheels не се појавила веста дека се венчале „на интимна церемонија на која присуствувале најблиското семејство и пријатели“.

Скарлет и Колин се верија во мај 2019. година, а пред тоа беа во врска две години.
Ова е прв брак на Јост, а Скарлет досега беше во брак двапати: со актерот Рајан Рејнолдс и со францускиот новинар Ромен Дауриак.
Инаку, Скарлет неодамна дојде во центарот на вниманието на јавноста кога поднесе тужба против Дизни. Таа ги тужеше за прекршување на договорот со објавување на филмот „Црна вдовица“ на нивната стриминг платформа „Дизни +“.
Филмот беше објавен истовремено на сервисот и во кината, а во тужбата се наведува дека станува збор за директно кршење на договорот помеѓу ѕвездата и компанијата. Јохансон вели дека во договорот, нејзината плата била поврзана исклучиво со прикажување на филмот во кината.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес почнува Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“ е натпревар за најдобра детска песна. Сите учесници настапуваат со …