Денешниот ден е за Ненад Стојановски: Требаше да наполни 69. години!

„19.8.1952 е за Ненад Стојановски!
Ако има нешто и над врвот, ете дотаму се искачи Ненад, великан на штиците што живот значат, актериште со сите нишани, раскошен со талент, миленик на своите колеги и публиката!
Денес ќе полнеше 69 години!
Доминантен на театарот, в печатлив во тв сериите и филмовите.
Учителот во Јуначко Колено, Трст виа Скопје и Опстанок, Михајло во Лет во место, Андреја во Диво месо, Крсто шприцер во Грев или шприцер, Гоце Делчев во Трговецот од Солун, библиотекарот во Бушава азбука се само дел од улогите по кои ќе го памети публиката, по која улога најмногу ќе паметите вие?!
Сопруг е на истакнатата македонска актерка Силвија Стојановска и татко е на двете македонски актерки Ана и Јана Стојановски!
Одлета како гулаб в небо на 14 Јули 1998 година на 46 годишна возраст!
Вечна му слава на големиот актер!
Текст Горан Марковски.
Фото – Д-р Владимир Плавевски“, пишува на страницата на Ѓорѓи Колозов на Фејсбук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …