(ФОТО Славната манекенка ја губи косата и носи перики а сега открила како изгледа без нив!

Наоми Кембел уште минатата година во едно интервју открила дека во текот на годината се
соочила со опаѓање на косата поради што сега мора да носи перики.

Легендарната убавица во модните кругови позната и како Црна пантера, минатата година
проговорила за големиот проблем со кој се сретнала откако поради природата на нејзината
работа со години косата ја третирала со разни препарати и екстензии.


Имено, Наоми Кембел, која во светот на модата е повеќе од 30. години, открила дека се соочила со опаѓањето на косата поради што мора да носи перики. А, вистинската состојба не ја покажала, се’ до сега. Славната манекенка се охрабрила и на Инстаграм објавила селфи, па можеме да видиме дека под периките косата ја носи сплетена во плетенки.

Наоми во споменатото интервју рекла и дека сега повеќе се грижи за косата и признала
дека е многу повнимателна.
Екстензиите кои Наоми ги ставила на својата природна коса предизвикуваат пукање на
деловите каде што косата е најслаба – над челото и од страна.

View this post on Instagram

🌙✨♥️

A post shared by Naomi Campbell (@naomi) on

А, за да влакната повторно израснат, потребно е помеѓу три месеци и една година.Но, има
можност косата воопшто да не се опорави па единствена опција е трансплантацијата. Со
сличен проблем анводносе бореле и Парис Хилтон, Бритни Спирс и Викторија Бекам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Јован

Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на …