(ВИДЕО) Кевин Спејси објавил бизарна снимка:„Ме сакате назад? Вистината наскоро ќе биде откриена!“

Познатиот актер кој извесно време е во изолација поради обвинувањата за сексуално злоставување на млади момчиња објавил бизарна снимка.
Познатиот актер и се обратил на јавноста со снимка во улога на Френк Андервуд, ликот од серијата „Куќа од карти“. Станува збор за серија од која е исфрлен поради обвинувањата за сексуално злоставување.
Глумецот се одлучил на ваков потег откако властите јавиле дека пред него е ново обвинување за сексуален напад, оној на ТВ водителката, Хедер Унрух.


Глумецот објавената снимка ја нарекол „Let Me Be Frank”, а на снимката и се обраќа на јавноста велејќи:„Знам што сакате. Ме сакате назад, нели?“, и објаснува дека наскоро ќе биде разоткриена целата вистина.
Додека глумецот ги моли обожавателите да не го осудуваат без докази, сепак тоа многумина го прават.


„Можам да ви го ветам ова. Ако не сум платил за работи кои знам дека сум ги направил, сигурно нема да платам за работи кои не сум ги направил“, рекол тој.
Наскоро ќе започне судењето. Унрих тврди дека глумецот го злоставувал нејзиниот син. Го допирал по гениталиите, а пред тоа му давал алкохол. Тоа не е единствено такво обвинување. За слично злоставување веќе го обвиниле работници од еден театар во Лондон. Ентони Рап бил првиот кој го обвинил глумецот, кога во октомври 2017. година изјавил дека бил злоставуван од Спејси кога имал само 14. години.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …