(ФОТО) Ситно брои: Бремената Ева Лонгорија позирала во црна долна облека

Глумицата и нејзиниот сопруг, сопственик на „Телевиса“, најголема медиска компанија во Латинска Америка, Хозе Антонио Бастон, очекуваат син, а глумицата немала поголеми проблеми во бременоста…
Глумицата Ева Лонгорија (43) брои ситно до раѓањето на првото дете. Ѕвездата на американската тв серија „Очајни домаќинки“ главно, како што вели, се одмора и шета, а не ги заборавила ниту социјалните мрежи.
Така по повод недамнешниот Ден на мајката објавила фотографија на која позира облечена во црна долна облека додека во прв план е нејзиниот труднички стомак.


Глумицата и нејзиниот сопруг, сопственик на „Телевиса“, најголема медиска компанија во Латинска Америка, Хозе Антонио Бастон (50), очекуваат син, а глумицата немала поголеми проблеми во бременоста.

Освен тоа, неодамна се појавила на црвениот тепих на Фондацијата „Global gift“ каде блеснала во црн фустан и гордо ги покажала облините.
Инаку, своевремено Лонгорија рекла дека и е мило што ќе роди син бидејќи на светот му требаат добри мажи.
„Мојот син ќе биде окружен со многу јаки, образовани, моќни жени и мислам дека е важно да види такви примери во својот живот за да умее да ги поддржи во иднина и да им одаде почест“ раскажала идната мајка.
На Лонгорија тоа ќе и биде прво биолошко дете, а вели дека ќерката на сопругот, Наталија (21) и близнаците Мариана и Хозе (13) ги доживува како сопствени деца. Лонгорија синот би требало да го роди за неколку дена и рекла дека е возбудена но и нервозна. Семејството ќе биде со неа но нема да присустува на породувањето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …