(ФОТО) ШОКАНТНИ ОБВИНУВАЊА ОД СЕВЕРИНА: „Мојот син во школо го заклучија и злоставуваа!“

Пејачката Северина Којиќ на прес конференцијата изнела тешки обвинувања на сметка на школото на својот син. Тврди дека учителките го злоставуваат. Од школото порачале дека се воздржуваат од коментар за добробит на детето…
„Во животот ми се случуваат многу тешки работи во однос на мојот живот со детето и сопругот. Имено, во петокот, 11.10., во школото каде што мојот син оди во второ оделение на меѓународна програма, се случил инцидент кога на мојот сопруг, кој со мене културно го зема детето после наставата, од школото не ни го дадоа детето бидејќи учителките го заклучиле, го провоцирале, телесно и психички го повредиле и така го држеле полни два и повеќе часови“, со овие зборови го започнала своето обраќање Северина (47) на прес конференцијата.



„Иако според судската спогодба мојот сопруг има право да го земе детето од училиште, сеедно, директорката на тоа школо, која има доста тужби од другите мајки во тоа школо, заедно со таткото се договорила никој освен мене да не го зема детето, така станувам единствена мајка која не може да ја работи својата работа. Единствена мајка сум која не смее да биде болна, имено, јас им испратив и оправдување бидејќи имав физичка повреда на танчерска проба и така натаму. До денес никој од тоа училиште не ми се јави, од таткото добивам заканувачки меилови, детето не сака да оди во школо бидејќи доживеало голема траума. Мислел дека цело време ќе биде затворен во школото“, продолжила пејачката и ја раскажала ситуацијата која наводно се случила.



„Го влечеле за раце, за раменици и за стомакот за што имам и наоди од лекар. И му се заканувале дека, ако стане од столчето, бидејќи викал дека сака кај Игор, ќе добие ќотек. Дури и со сопствените тела го спречувале да излезе од класот. Дури после два и пол часа малтретирање, директорката која не се појавила во школото, рекла дека таткото дал дозвола мојот сопруг да го преземе детето“, тврди Северина.
Какошто вели пејачката, овие информации морала јавно да ги сподели:



„Јас сум единствена мајка која на Инстаграм не смее да објавува фотографии од синот бидејќи мојот бивш тоа го решил на сомнителен начин“, тврди Северина.
Од школото се воздржувале од било каков коментар за добробит на детето бидејќи сметаат дека секое дете заслужува да има спокојно, односно, мирно детство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …