(ФОТО) Семејното фотографирање отишло во погрешен правец но и’ ја покажало вистинската слика на родителството

Многу мајки сонуваат за совршени семејни фотографии кои ќе ги красат нивните рамки и ќе бидат вечен спомен. Тоа била желба и на Хејли Мизлес која сакала да го овековечи детството на своите три деца па ја ангажирала фотографката Јасмине Тамлин.

Иако фотографирањето со мали деца е невозможна мисија, фотографите секогаш успеваат да направат неколку одлични фотографии кои делуваат како идили, но Темлин решила да направи нешто сосема друго.
Халеј, таткото на Метју, 6.годишниот Ела, 2.годишниот Линколн и 11.месечниот Бекам се сликале во време кога сè се одвивало во погрешна насока. Додека Темлин се обидувала да сними романтичен момент помеѓу мама и тато, Линколн се упатил кон блиското езеро.
Сето тоа резултирало со смешна фото галерија која станала вирален хит и покажува вистинска слика за родителство.


„Понекогаш фотографирате деца и понекогаш тие скокаат во езерото. Одлично си поминав со ова семејство и покрај тоа што двајца од петте членови завршија во валканото езеро“, напишала Тамлин на Фејсбук.
„Фактот што тие се смееја за тоа, зборува многу за нив“, изјавила фотографката за KTRE News, додавајќи дека таа ја смета оваа за најзабавна фотосесија и ужива во моменти кои покажуваат какво е семејството, а не за совршената слика што луѓето понекогаш ја имаат во главата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …