(ФОТО) Ресторан на вратите на машко и женско ве-це ставил фотографии од Кејтлин Џенер пред и после транзицијата

Ресторанот Dodie’s Place Cajun Bar & Grill во градот Ален, САД, земал фотографии од Кејтлин Џенер пред и после трнзицијата и на тој начин означил кое е машко а кое женско ве-це.

Така на вратата на машкото веце ставиле фотографија од Кејтлин додека уште била Брус Џенер, а на вратата на женското ве-це насловната од „Ванити фер“ на која Кејтлин првпат и се претставила на јавноста.

„Дојдете и запознајте ги членовите на нашата екипа – Кејтлин и Брус! Навратете на нашите специјалитети кои ги послужуваме цел ден“ напишал ресторанот кон средината на август на својот профил на Фејсбук.
И’, додека едни биле воодушевени со „креативната шега“ на овој ресторан, други се згрозиле. Сметаат дека ваквиот начин на обележување на ве-цето ги навредува трансродните лица.
Приказната за овој ресторан дури сега дошла во медиумите, па се огласиле на
Фејсбук пишувајќи дека немале намера никого да навредат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …