Магазинот Life & Style тврди дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не го чекааттретото дете туку дека во Кенсингтонската палата пристигнуваат дури две бебиња.
Во почетокот на септември од Кенсингтонската палата пристигна официјално соопштение во кое кралското семејство објавило дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијм го чекаат третото дете.
Кејт, поради мачнини, морала да се повлече од официјалните должности, а сите едвај чекаат да слушнат дали во кралското семејство пристигнува уште едно момче или девојче. Но, ако може да му се верува на магазинот Life & Style, Вилијам и Кејт во април би требало да добијат не едно туку две девојчиња.
„И двајцат биле во шок кога дознале. Особено кога им кажале дека пристигнуваат две идентични девојчиња“ раскажал извор близок до Кенсингтонската палата.
Наводно, двојката веќе размислувала за имињата на девојчињата, а среќните вести засега ги поделиле со семејството на Кејт, но и кралицата Елизабета, која, како што тврди изворот, била воодушевена со близначките.
На листата со имиња, наводно, биле имињата како Викторија, Алис, Оливија, Александра и Елизабета бидејќи сакале да и оддадат почест на бабата на Вилијам.