(ФОТО) ПРИРОДНО ИЗДАНИЕ – Шакира со синовите во Мексико, многумина ја пофалиле бидејќи немала ниту трошка шминка

Поп ѕвездата Шакира моментално престојува во Мексико со своите синови, а тие се фотографирани како се забавуваат на плажата Кабо Сан Лукас. Многу корисници на социјалните мрежи го пофалиле нејзиното целосно природно издание.
Додека многу светски ѕвезди се обидуваат во секое време да изгледаат апсолутно совршено со помош на шминка, Шакира докажала дека за тоа не е потребно многу дотерување.

„Помалку е повеќе. Секоја чест за промовирањето на природната убавина“, напишал еден корисник на Твитер.
„Никогаш не би рекол дека оваа жена има 45. години“, додал друг.
„Ми се допаѓа што не е оптоварена со физичкиот изглед“, е исто така еден од коментарите.


Потсетуваме, Шакира ги доби синовите Милан (9) и Саша (7) додека беше во врска со фудбалерот Жерар Пике. Двајцата минатиот месец објавија дека решиле да раскинат.
„Со жалење потврдивме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност. Ви благодариме за разбирањето“, изјавија тие.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …