Починал Бернард Крибинс

Актерот Бернард Крибинс починал на 94-годишна возраст, потврдило неговото семејство.
Една од неговите најзначајни улоги беше во серијата Doctor Who.
Поранешниот писател на Doctor Who, Расел Ти Дејвис, објавил негова слика направена на снимање: „Среќен што го познавам. Благодарам за сè, мојот стар војник. Една легенда го напушти светот“.
Во изјавата на неговиот агент се вели дека кариерата на Крибинс била „толку разновидна работа“, вклучувајќи ги и серијата „Carry On“ или „Fawlty Towers“.
„Крибинс минатата година ја загуби својата сопруга Џил со која беше 66. години. Придонесот на Бернард во британската забава е несомнен. Тој беше единствен, давајќи го најдоброто од својата генерација и многу ќе им недостига на сите кои имаа задоволство да го познаваат и да работат со него“, се вели во изјавата на агентот.
За време на кариерата долга седум децении, Крибинс беше наратор на детската програма „The Wombles“ од 1970-тите.
Тој го играше и придружникот на доктор Ху, Том Кембел во филмот „Далека инвазија на Земјата 2150“ од 1966 година, а 41 година подоцна се врати во истоимената серија.
Тој го играше Вилфред Мот, дедото на Кетрин Тејт во Доктор Ху од 2007. до 2010. година.
На речиси 90. години, тој објави автобиографија која се осврнува на неговите години во шоу-бизнисот. Нејзиниот наслов беше „Бернард Кој? 75 години правејќи апсолутно сè“ – а нејзиниот совет беше едноставен: „Дајте се од себе и бидете благодарни за секоја работа“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …