Ова е прво семејно излегување откако Шарлин се врати од лекување.
Монегашката принцеза Шарлин се појави на трката на Формула 1 Монако Е-Прикс придружувана од нејзиниот сопруг принцот Алберт и близнаците принцот Жак и принцезата Габриела.
Тоа е, воедно, прв пат нацијата да ја види јавно по шест месеци кои ги мина на клиника за ментално здравје.
Двојката во последните месеци е ретко видена заедно, а причина за тоа е фактот што Шарлин поголемиот дел од минатата година го поминала во Јужна Африка, откако за време на нејзиното хуманитарно патување и бил дијагностициран хроничен синузитис. Поради болеста завршила во болница, што ја спречило брзо да се врати во Монако, јавуваат странските медиуми.
А откако конечно пристигна во Монако во ноември, набрзо го напуштила бидејќи поради исцрпеност завршила во Швајцарија.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram