Речиси 35. години по премиерата на филмот „Dirty Dancing“, се подготвува продолжение, а во него би требало да глуми Џенифер Греј, која се прослави со улогата на Бејби во овој филм.
„Џенифер Греј се враќа во одморалиштето Келерман во следното поглавје“, објави студиото Lionsgate за време на својата презентација на CinemaCon, мислејќи на луксузното одморалиште во кое е сместено дејствието на култниот филм од 1987. година, пренесува Daily Mail.
Во оригиналниот Dirty Dancing, Греј го играше ликот на Френсис Бејби Хаусман, која го помина летото 1963 година во одморалиштето Келерман со своето семејство. За време на нејзиниот престој таму, таа го запознала инструкторот по танц Џони Касл, кој го игра Патрик Свејзи.
Филмот стана голем хит и заработи 64. милиони долари, а буџетот на филмот беше само 6. милиони долари. Тој, исто така, доби Оскар за најдобра оригинална песна за (I’ve Had) The Time of My Life, и заработи уште 150. милиони долари од меѓународни изданија низ годините.
Фото: Принтскрин/YouTube