(ФОТО) Познатата актерка признала:„До 11. година имав пет операции – детството го минав во болница“

Актерката Џесика Алба неодамна проговори колку е благодарна за своето здравје, по сите проблеми што ги ималакако дете.
Таа објаснила дека нејзините здравствени проблеми, но и борбата против ракот што ја водела нејзината мајка, ја обликувале во личност каква што е денес.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)


„Мајка ми имаше рак кога беше многу мала, во раните дваесетти години. Јас пораснав со хронични болести, имав пет операции до мојата 11 година и бев во болница многу пати како дете”, рекла таа.
Кога, во 2008 година, Алба станала мајка за прв пат, била многу загрижена за здравјето на нејзината ќерка Онор, пренесува Mirror.
„Сакам да напредувам и да поминувам што повеќе време со оваа мала личност. Сакам да биде здрава, бидејќи е многу тешко да се биде среќен ако немате здравје”, рекла тогаш актерката.
Таа додала дека бебето целосно и го сменило фокусот, односно дека по породувањето одлучила дека сака помалку да се бави со глума.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …