Фронтменот на „Манескин“, Дамијано Давид, ги загрижил своите обожаватели со својот изглед на најновите фотографии.
Пејачот на „Манескин“, кој со својот бенд победи на Евровизија во 2021 година, многу ослабел, ја скрати долгата коса и ја обои во руса боја, а тоа не им се допаѓа на фановите.
Многумина од нив истакнаа дека кратката коса воопшто не му прилега, како и прекумерното слабеење, а некои дури се запрашале дали се дрогира и дали малку претерал со турите и дали му треба одмор.
View this post on Instagram
„Човеку, внимавај малку“
„Воопшто не ми се допаѓа овој Дамијано“, „Зошто ја скрати таа убава коса“, „Не забележав дека се врати изгледот на хероина“, „Друже, ајде, внимавај“, „Те сакам Дамјано, но на сликите изгледаш многу лошо“, „Намали малку со дрогата“, „Можеби треба да побараш стручна помош“, „Што ти се случи“, „Дамијано, треба малку да се одмориш. Откажи некој концерт“, се само некои од илјадниците коментари кои Дамијано ги добива подолу од неговите неодамна објавени слики.
View this post on Instagram
Инаку, Дамијано ја заслужи титулата женски миленик по настапот на Евровизија, иако со години е во врска со манекенката Џорџа Солери. Неговиот бенд „Манескин“, за разлика од многумина кои се прославија на Евровизија и веднаш паѓаат во заборав, денес ужива статус на глобално популарен рок бенд и редовно патува низ светот.
View this post on Instagram
Дамијано, пак, има вистинска армија фанови на Инстаграм и го следат дури 5,2 милиони луѓе, а редовно ги информира за се што прават тој и бендот.
Фото: Принтскрин/Instagram