По 18 месеци непојавување во јавноста, холивудскиот актер Џек Николсон конечно е виден на балконот на неговиот прекрасен имот во Беверли Хилс.
Имено, неговата состојба со месеци ги загрижува неговите пријатели, кои стравуваат дека актерот ќе умре сам, исто како и неговиот поранешен сосед и колега Марлон Брандо.
Во четвртокот Николсон бил фотографиран како ужива во свежиот воздух на својот дом, кој гледа кон кањонот Френклин. По тој повод, актерот облекол широка портокалова маица и спортски панталони, а папараците го фотографирале потпрен на оградата од балконот, а изгледа дека холивудската ѕвезда штотуку се разбудила.
Jack Nicholson, 85, looks disheveled on LA balcony as he's seen for first time in TWO YEARS https://t.co/4Vi5pykFoE pic.twitter.com/EnJCDOMbSN
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 13, 2023
Николсон е веројатно најпознатиот холивудски ерген, иако беше во брак четири години пред да го освои Холивуд. Неговата најпозната романса со Анџелика Хјустон (71) заврши пред речиси 25 години.
Трикратниот оскаровец последен пат беше виден во октомври 2021 година, заедно со неговиот син Реј (31), кога седеше покрај теренот и гледаше натпревар на ЛА Лејкерс. Според извештаите, Реј е еден од ретките луѓе со кои Николсон е во контакт.
Фото: Архива