(ФОТО) Ова е омилената боја на Французинките ова лето: Лесно се комбинира, прекрасно оди со исончан тен!


Лето, сонце – топлите денови и убавото време ни нудат совршена можност да ја опремиме нашата гардероба со воздушести фустани,разиграни здолништа и нежни маици или блузи. Се разбира, со боите можеме да експериментираме, повеќе од вообичаено. За да добиеме инспирација за бојата, оваа година ќе погледнеме кон Франција. Имено, француските жени, ова лето,претпочитаат сосема необична нијанса…
Ова лето, француските жени се инспирирани од бојата на сонцето, односно носат парчиња облека во нежен жолт тон. Жолтата боја носи пријатна свежина на нашиот изглед, дури и кога некои денови се облачни или дождливи.

https://www.instagram.com/p/Bx0XY3BoM3x/?utm_source=ig_embed


За да може жолтата боја да дојде до израз и на нашиот изглед да му даде летна нота, жолтите парчиња облека треба да бидат изработени од воздушести и лесни материјали. Можете да комбинирате жолта со бела, беж, сина или со нежни крем тонови. Покрај тоа, облечете едноставни убави сандали или бели патики и сето тоа зачинете го со шик торба и вашиот летен изглед е подготвен!

https://www.instagram.com/p/CAiD2f-j6XX/?utm_source=ig_embed


https://www.instagram.com/p/CBtIYtADdoC/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На третото издание на Global Azure Skopje, ИТ заедницата во Македонија се обедини за настраданите од пожарот во Кочани

Во саботата, 10 мај 2025 година, во просториите на InnoX иновативниот центар во Скопје се …