(ФОТО) Открил интимни детали за семејството: Бекам раскажал како тој и Викторија ги одгледуваат своите деца и за што најмногу жали!

Бившиот фудбалер проговорил за своите деца и односот со сопругот Викторија.
Некогашниот фудбалер Дејвид Бекам во последното телевизиско интервју зборувал за тоа како тој и Викторија ги одгледуваат своите четири деца и открил детали од нивниот живот.

Бекам, кој со Викторија е во Австралија за да ги поддржи Инвиктус игрите, спортски настан на кој се натпреваруваат повредените воени ветерани и ветеранки, а кој го основал принцот Хари. Бекам тогаш рекол дека е „одгледан да го сака кралското семејство“.
Со оглед на тоа дека пред интервјуто се појавила неговата изјава дека „бракот е секогаш тешка работа“, сега таа реченица добила и свој контекст, откако било објавено целото интервју.
Бекам многу зборувал за семејството – сопругата Викторија и нивните четири деца – Бруклин (19), Ромео (16), Круз (13) и Харпер (7).


View this post on Instagram

Proud of mummy x 10 years and what an amazing way to celebrate in London 🇬🇧 .. We are so proud of you @victoriabeckham ♥️


A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on


„Децата секогаш сакаат да минат повеќе време со нас, а ние многу работиме и мислиме дека тоа е исправен начин да ги воспитуваме своите деца. Да им покажеме и докажеме дека мораш напорно да работиш за да бидеш успешен“, рекол и додал дека со најмладата Харпер е најмногу попустлив поради што синовите и Викторија го задевале, како и дека ќерката е единствена која сака да игра фудбал.
Бекам вели дека секое утро ги води децата во училиште, а барем три пати неделно со Харпер оди на прошетка или се возат со велосипед до школото.
Гордо говорел за кариерата на својата сопруга и недамнешното интервју за британски Vogue. На некои фотографии е само Викторија со нивните деца па повторно биле поттикнати трачевите дека двојката се разведува.

„Веќе долго сме во брак и неодамна ги правевме тие снимања за Vogue, фокусот беше на десет години нејзина кариера во модата. Толку многу успеа да направи во така малку време, и сето тоа со нашите прекрасни деца. Во нејзината индустрија насловната за Vogue е голема работа. Некои фотографии направивме заедно, некои одвоено. Бракот е секогаш тешка работа и бара многу тешка работа. Сите тоа го знаат. Но, се трудиш се да функционира. И двајцата многу патуваме, често сме одвоено, но се трудиме“ рекол Дејвид.

Кога го прашале за што најмногу жали во животот се сетил на непријатен момент кога го запознал Нелсон Мендела а на главата имал плетенки исплетени на главата што денес би се сметало за културна апропријација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …