(ФОТО) ОТКРИЕНО Е ЗОШТО Е ОВА НАЈСКАПА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА: Високи цени но и убави плати!

Иако трошоците за живот може да бидат шок за туристите, Исланѓаните во просек добро живеат, па минатата година просечната месечна плата пред оданочувањето изнесувала повеќе од 4.000 евра.
Цените на Исланд во просек се 56. проценти повисоки отколку во остатокот од Европа, што таа островска држава ја прави најскапа земја на континентот.
Кога станува збор за регионот, најскапа е Хрватска, следи Словенија на 19. место. Црна Гора е на 30. место.
На пример, пица во исландски ресторан чини околу 17. евра, чаша вино околу 10., а пиво 7. Вечера за двајца ќе чини околу 85. евра, шише вино во продавница е 17. евра, а пакување од 12. јајца е 5. евра.
Сепак, просечната брута плата на Исланд изнесува околу 4.500 евра. Киријата за помал стан во центарот на Рејкјавик е 1.300 евра месечно.

Кога станува збор за регионот, најскапа е Хрватска, каде вода чини околу 2,5 евра.
Според последните информации на Еуростат, на листата после Исланд се наоѓаат Швајцарија, Норвешка и Данска.
На Исланд живеат 355.000 луѓе, а како причина за високите цени на овој остров се наведува зависноста на земјата од увоз на намирници, како и високите даноци на алкохолните пијалаци.
Уште еден виновник за високите цени се големите осцилации на исландската круна во 2016. и 2017-. година.
Иако трошоците за живот може да бидат шок за туристите, Исланѓаните во просек добро живеат, па минатата година просечната месечна плата пред оданочувањето изнесувала повеќе од 4.000 евра.
“Исланд е многу мал. Тешко е да се спореди економијата на толку мала држава со оние сто пати поголеми”, рекол Конрад Гудјонсон, главен економист при Економската комора на Исланд.
Сепак, предвидувањата на централната банка не се позитивни.
Се предвидува дека економијата на островот ќе се намали а 0,4 проценти оваа година, што би било прв пад во последната деценија.
Екран.мк/France 24

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …