(ФОТО) ШОК ВО АМЕРИКА – ПРОКЛЕТСТВОТО НА СЕМЕЈСТВОТО КЕНЕДИ ПРОДОЛЖУВА: Внуката на Роберт Кенеди пронајдена мртва!

Внуката на Роберт Кенеди, Сера Кенеди Хил (22) е пронајдена мртва во семејната викендичка во Хајанис Порт во Масачусец, а Њујорк тајм пренесува дека веројатно се предозирала…


Како што се наведува, таа се наоѓала во куќата на својата баба Етел (91), сопругата на Роберт Кенеди, убиен во 1968. година, а кога во четвртокот попладне брза помош ја довезла во болница била константирана смрт.


Како што се наведува, портпаролот на болницата не се одѕвал на повиците на агенцијата Ројтерс, како ниту други официјални лица, меѓутоа Њујорк тајмс, Бостон глоуб и други медиуми се повикуваат на соопштението на семејството Кенеди во кое е потврдена смртта на девојката, што е последна во низата трагедии на едно од најпознатите американски политички династии.
„Срцата ни се скршени поради загубата на нашата сакана Серша“.

Georgia, Saoirse, and Bridget (Godchild)after the party!

Gepostet von Courtney Kennedy am Mittwoch, 18. April 2018

„Нејзиниот живот беше исполнет со надеж, ветувања и љубов“, се наведува во соопштението на семејството.

Њујорк тајмс се повикува на два неидентификувани извори блиски до семејството кои тврдат дека девојката се предозирала.

Хил студирала на бостонскиот колеџ, каде била потпретседател на демократската младина, а пишувала и за својата борба со менталната болест од 2016. година.
Таа била единствено дете на Пол Мичел Хил и Кортни Кенеди Хил, која била петто од 11. деца на Етел и Роберт Кенеди.

Gepostet von Courtney Kennedy am Freitag, 5. Februar 2016

Кортни Кенеди Хил, мајката на починатата девојка на Фејсбук често објавувала фотографии со ќерката но и семејни фотографии од минатото кога таа била дете.

Remembering my father on the 90th anniversary of his BIRTHDAY!!!

Gepostet von Courtney Kennedy am Freitag, 20. November 2015

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …