(ФОТО) Бившата сопруга на Мајкл Џексон, Присила Пристли, во својата книга ќе ја објави вистината за нив: И требале само „4. милиони долари“ за да проговори!

Лиса Мариа Пристли и Мајкл Џексон биле во брак од 1994. до 1996. година, а во својата книга ќе открие тајни од својот и неговиот живот.
Лиса Мариа Пристли, ќерка на Елвис Пристли и бивша сопруга на Мајкл Џексон потпишала милионски договор со издавачот „Gallery Books“ со кој се обврзала дека во својата нова книга ќе открие сочни тајни од својот живот.
Во книгата би требало да проговори за најважните мажи во својот живот и да открие непознати детали за нив, а за тоа ќе добие 4. милиони долари.


Издавачите најавиле дека посебно шокантни ќе бидат откритијата за Мајкл Џексон со кого Лиса Мариа била во брак две години.
Поради тоа сите се убедени дека ќерката на Елвис нема да го брани починатиот Крал на попот чие име од неодамна повторно се појавува во обвинувањата за сексуално злоставување на малолетници, псоебно после документарецот „Leaving Neverland“.

Иако се развеле во 1996. година, Лиса Мариа и Мајкл останале добри пријатели се до неговата смрт во 2009. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …