(ВИДЕО+ФОТО) „Рамштајн“ со геј бакнеж среде Москва: Протест против законот – Дали бендот ќе биде казнет!?

Бендот кој потекнува од некогашна источна Германија има симпатии кон Русија и тоа не е тајна, но не е тајна и тоа што неговите членови се големи поборници на ЛГБТ правата.
„Рамштајн“, кои во Русија имаат огромен број фанови, во Москва одржале концерт на 29. јули пред преполниот стадион.
Групата „Рамштајн“ изразила љубов во Русија и тоа со бакнеж помеѓу нивните членови Рихард Круспе и Паул Ландерс. Двајцата мажи во текот на концертот на кратко се бакнале, а фотографијата е објавена и на официјалната страна на овој мегапопуларен бенд.


View this post on Instagram

Россия, мы любим тебя! Photos: @jenskochphoto


A post shared by Rammstein (@rammsteinofficial) on


Нивната фотографија е објавена и на нивниот официјален Инстаграм профил, а под неа стои напишано: „Русијо, ние те сакаме“.
Бендот кој потекнува од некогашна источна Германија има симпатии кон Русија и тоа не е тајна, но не е тајна и тоа што неговите членови се големи поборници на ЛГБТ правата. Овој бакнеж многумина го окарактеризирале како знак на протест против руските закони за забрана на геј пропагандата помеѓу малолетниците. Во медиумите се појавило и прашањето дали овој бенд ќе биде казнет и дали им се заканува депортација.

Бендот по овој повод не се огласил, но доколку бакнежот помеѓу Круспе и Ландерс е знак на поддршка на ЛГБТ правата тогаш тој не е испратен само во Русија. Во текот на европската турнеја оваа година музичарите се допреле со усните повеќепати, во Берлин, Барселона и во други градови во кои настапувале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …