(ФОТО) ОСУДЕН НАЈЛОШИОТ СЕКСУАЛЕН МАНИЈАК ВО ИСТОРИЈАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Силувал 48. мажи, ги измачувал со часови и се’ снимал!

Британскиот суд  го испратил индонезискиот студент опишан како „најлош сексуален престапник во историјата“ на Велика Британија  на доживотна казна затвор бидејќи силувал неколку десетици мажи чекајќи ги после излегувањето од ноќните клубови.
Студент одговорен за стотици силувања е наречен најголемиот силувач во историјата на Британија и е осуден за повеќе од 150 кривични дела сторени во повеќе од две и пол години.
Триесет и шестгодишниот Рејнхард Синага е прогласен виновен, бидејќи во својот стан намалил 48. мажи од кафулиња и клубови во Манчестер. Таму им подметнувал дрога и ги силувал, а во некои случаи сето тоа го снимал со мобилен телефон.
Синага кој се доселил во Велика Британија во 2007. година, на 24-годишна возраст, претежно намамувал повозрасни тинејџери или мажи во раните 20-ти години. Тој ги сочекувал своите жртви, претежно хетеросексуални мажи, кои се разделувале со друштвото, останел без пари или им се потрошиле батериите на мобилните телефони, обично по полноќ пред клубовите кои биле на неколку минути пешачење од неговиот стан во центарот на Манчестер.
Според британските медиуми, возрасниот студент од Индонезија, полицијата го сомничела за силување или сексуален напад на најмалку 195. мажи во текот на две и пол години.


„Незаканувачкото однесување на Синага ги навело тие млади мажи, од кои многумина му биле благодарни бидејќи им понудил сместување, да мислат дека тоа чудовиште е Добриот Самарјанец“, рекол државниот обвинител, Иан Раштон.
Обвинителот додал дека е докажано оти Санага извршил 159. кривични дела, меѓу кои 136. силувања, кои ги снимил на два мобилни телефона. Полицијата допрва треба да идентификува уште најмалку 70. од неговите жртви, а запленила огромен материјал кој може да се смести на 250. ДВД.
Синага веќе отслужува 88. истовремени доживотни казни со минимални 20. години затвор пред да може да смета на условна казна по неговите први две судења, кои се однесуваат на 25. жртви кои биле сослушувани во текот на 2018. и 2019. година, а во понеделникот е осуден за дополнителни 23. жртви.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тајната вила на Тито била најскапата претседателска резиденција, но од таа раскош не останало многу…

Некогаш била најскапа претседателска резиденција а денес пропаѓа. Од раскошно уредената тајна вила останале урнатини …