(ФОТО) Тајната вила на Тито била најскапата претседателска резиденција, но од таа раскош не останало многу…

Некогаш била најскапа претседателска резиденција а денес пропаѓа.
Од раскошно уредената тајна вила останале урнатини и срам…
Во склоп на националниот парк Плитвички езера, скриена во шумата, се наоѓа вилата „Извор“ која бил некогашна резиденција на Јосип Броз Тито.
Кога била изградена била најскапа претседателска резиденција, но не останало многу од тој раскош.

https://www.facebook.com/UrbexEDCCroatia/photos/a.1632310413709976.10737%2041862.1493151827625836/1632310527043298/?type=3


Вилата „Извор“, или како што ја викаат мештаните и работници во Плитвичките езера, „Објект 99“ после Втората светска војна го граделе политички затвореници од Градишка, Лепоглава, Митровица и од Голиот остров.

https://www.facebook.com/UrbexEDCCroatia/photos/a.1632310413709976.10737%2041862.1493151827625836/1632411620366522/?type=3


Наводно и нејзиното кодно име „Објект 99“ доаѓа од 99. затвореници кои ги направиле темелите.

https://www.facebook.com/UrbexEDCCroatia/photos/a.1632310413709976.10737%2041862.1493151827625836/1632600953680922/?type=3


По завршувањето била отворена без многу публицитет а се нагаѓало дека Тито на градбата на оваа вила го наговорила Јованка чие родно село Јошан се наоѓа блиску до вилата.

https://www.facebook.com/UrbexEDCCroatia/photos/a.1632310413709976.10737%2041862.1493151827625836/1633362856938065/?type=3

Вилата бил отмено уредена со скали од мермер, дебели теписи, скапоцен камин и масивен мебел. Имала и куглана, сала за билијар, кино, како и сала за состаноци и дневен одмор, а ја чувале неколку волчјаци.

https://www.facebook.com/UrbexEDCCroatia/photos/a.1632310413709976.10737%2041862.1493151827625836/1671908856416798/?type=3

Во десното крило биле сместени дваесеттина апартмани за високи гости, а на спратот имало десетина канцеларии.

https://www.facebook.com/UrbexEDCCroatia/photos/a.1632310413709976.10737%2041862.1493151827625836/1632411617033189/?type=3

Малку луѓе знаат за подземниот тунел долг 80. метри кој служел за тајно излегување од вилата.

https://www.facebook.com/UrbexEDCCroatia/photos/a.1632310413709976.10737%2041862.1493151827625836/1633362913604726/?type=3

Судејќи по фотографиите, од некогашното одморалиште на најголемата елита денес останало многу малку.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …