(ВИДЕО) СОЛЗИТЕ НА ТОМ ХЕНКС НИКОГО НЕ ОСТАВИЛЕ РАМНОДУШЕН: Глумецот открил што му е поважно од НАГРАДИТЕ па „се расплакал“ додека држел говор!

Целиот свет зборува за солзите на Том Хенкс (63) на доделувањето на наградите Златен глобус. Актерот посочил дека во животот има многу поголеми работи од награди и признанија, а пред сè, ја истакнал својата сопруга.
„Човек е благословен кога семејството седи пред него“, рекол Том додека погледот му бил вперен на неговата сопруга, Рита Вилсон, и нивните деца.
Тој истакнал дека тие му се најважни личности во неговиот живот.
„Жена, која е фантастична на секој начин, која ме научи што е љубов. Пет деца кои се похрабри, посилни и помудри отколку е нивниот татко. Прекрасна група на луѓе кои се помирваат со тоа да се со месеци без мене. Не можам да ви опишам колку ми значи вашата љубов “, признал актерот низ солзи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …