(ФОТО) ОДАМНА Е ПОЧИНАТА А ИНТЕРЕСОТ ЗА НЕА НЕ ЗАПИРА: Лејди Ди била најфотографирана жена на светот а зад камерите деновите ги минувала скромно!

Принцеза Дајана беше најпознатата жена во светот и многумина сè уште не можат да веруваат во нејзината трагична судбина.
Работничка на Црвениот крст на Велика Британија се сетила на состанокот со неа и на она што и го кажала.


View this post on Instagram

A post shared by Princess_Diana (@diana_galler_prensesi)


Лејди Ди беше една од најфотографираните жени во светот, а медиумите ја следеле секоја нејзина стапка, но кога ќе се исклучеле камерите, таа водела скромен живот. Ова е потврдено со приказната за Едит Кон (72), работник на Црвениот крст, која ја запознала принцезата во 1991 година на хуманитарен настан.


Кон се присетила како Дијана, таа вечер, се отворила за животот во палатата, велејќи дека претпочита да ги поминува вечерите пред телевизијата гледајќи серии, а за вечера претежно јадела грашок и тост.
– Беше многу опуштена и беше прекрасно поради тоа да се разговара со неа. Таа беше многу пристапна и ми рече колку ја цени работата на Црвениот крст – изјавила Етит Кон.

Принцезата Дајана почина на 31. август 1997. година во сообраќајна несреќа во Париз и остави неизбришлива трага, а многумина сè уште жалат по неа. Членката на кралското семејство, на која и се поклонуваше целиот свет, доби статуа во Санкен Гарден во палатата Кенсингтон по повод нејзиниот 60-ти роденден, кој би го прославила на 1 јули доколку била жива.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …