(ФОТО) ОТФРЛЕН ОД СЕМЕЈСТВОТО – ПРИНОТ ХАРИ ВО ПРОЦЕП: Ниту неговиот татко ниту неговиот брат НЕ МУ ВЕРУВААТ доволно да разговараат со него приватно (во 4. очи), многу се ЛУТИ!

Многумина го спомнаа можното помирување на принцовите Хари и Вилијам по повод одбележувањето на 60-от роденден на нивната покојна мајка.


View this post on Instagram

A post shared by ModernRoyalEra (@modernroyalera)


Сепак, сега целата надеж падна во вода. Имено, по откривањето на статуата на принцезата Дајана во палатата Кенсингтон, браќата едвај разговарале, а по церемонијата поминале само 20 минути заедно.
Некогаш неразделните браќа, кои не се виделе од погребот на принцот Филип, кога Вилијам дури и’ побарал да не оди со Хари, сега се во уште полоша врска, а извори блиски до браќата рекле: „На Хари е скоро невозможно да му се верува”


Врската меѓу браќата се влошила и веројатно трајно се сменила прво кога се појавија обвинувања дека сопругата на Хари, Меган Маркл, го малтретирала персоналот на палатата, а потоа и кога Хари и Меган дадоа интервју за Опра Винфри во кое направија серија остри обвинувања против палатата и кралството. Меган се чувствувала незаштитена за време на бременоста и размислувала за самоубиство.

И на Вилијам и на неговиот татко, принцот Чарлс, не им се допаѓало тоа што Хари, по интервјуто со Опра, продолжил да разговара, за интимни работи, со Гејл Кинг од телевизијата CBS, што ги натерало да одбијат да се сретнат со Хари насамо и да разговараат во четири очи . Имено, ниту татко му ниту брат му не му веруваат доволно на Хари за да разговараат со него приватно.
„И покрај фактот дека Хари и Вилијам се сретнаа со една цел, да го обележат оставината на нивната мајка, Хари бил целосно исклучен од кралското семејство. Тие го организирале потребното шоу, го направија потребното за да се осигура дека денот ќе помине во најдобар ред, а потоа се збогувале“, вели изворот.

Хари, кој се врати во САД веднаш по откривањето на статуата на неговата мајка, сега е повторно обединет со неговата сопруга Меган, која не го видела кралското семејство од Мегзит, односно напуштање на семејството.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …