(ВИДЕО+ФОТО) Прво Вимблдон па КАРАНТИН: Кејт Мидлтон во самоизолација поради корона вируса!

Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон, од петокот е во самоизолација, откако дознала дека била во контакт со лице на кое му било дијагностициран коронавирус по тестирањето минатата недела.
Иако била вакцинирана и нема симптоми на инфекција, војвотката од Кембриџ ги откажала сите свои обврски во согласност со упатствата на британската влада.
„Војвотката беше во контакт минатата недела со личност која беше тестирана на коронавирус по тој состанок“, изјавил претставник на палатата Кенсингтон, пренесува Ројтерс.


View this post on Instagram

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@dukeandduchessofcambridge)


Иако не било прецизирано кога и со кого Војвотката била во контакт, јавноста шпекулира дека ризичниот контакт може да се случил во петокот, за време на престојот на Кејт Мидлтон на терените на Вимблдон.
Во тоа време, војвотката беше во друштво на извршната директорка на Вимблдон, Сали Болтон и поранешниот британски тенисер Тим Хенман, пред да замине во кралската ложа, каде разговарала со британскиот тренер Џо Викс. Но, била и во посета на музејот на Вимблдон, како и во главната кујна…


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …