(ФОТО) Никој не може да поверува како изгледа ѕвездата на „Пријатели“: Запуштен, валкан и без ориентација шетал по улица…

Додека сите го очекуваат продолжувањето на „Пријатели“, Метју Пери (49) изгледа како среќните денови на глума да се зад него.
Метју Пери бил виден на улица и фотографиран првпат после две години. 49. годишниот глумец се бори со зависност и депресија, а со својот изглед кој бил забележан на улиците на Њујорк ги загрижил обожавателите.
Метју минатата година минал три месеци во болница кога му бил опериран чир на желудникот.
Вчера е виден како оди по улиците на Менхетен во запуштено издание: валканата маичка и тренерката ја покажувале неговата прекумерна тежина, додека на рацете имал само запуштени и долги нокти. Надуеното и збрчкано лице дополнително биле влошени од долгата коса и брада.

View this post on Instagram


Recent pic of #MatthewPerry. He was seen in Manhattan on Thursday. I hope he's all right ❤🙏 I love him.

A post shared by Matthew Perry F.R.I.E.N.D.S (@matthew.perry.f.r.i.e.n.d.s) on


Метју Пери доживеал голема популарност глумејќи еден од главните ликови во ситкомот „Пријатели“. Овие денови се шпекулира дека екипата повторно ќе се собира и дека популарната серија ќе добие продолжување.
Меѓутоа, по Холивуд се шушка дека Метју Пери има огромен страв од неуспех и дека тоа го уништува.
„Имам сериозен ноќен кошмар  во кој ги снимаме ‘Пријатели’ и никому не му е гајле. Сериозно се плашам од тоа. Ако ме прашаат да снимиме продолжување ќе кажам НЕ“, раскажал Пери во 2017. година.
Овој средовечен глумец, последен пат на филм се појавил во 2009. а на телевизија во 2017. година.
Се чини дека неговата кариера завршила пред две години!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …