Во средината на декември, минатата година, сопругот на глумицата, доктор Милорад Мештеровиќ, ја загубил борбата со тешката болест. Неда и тој се сакале полни 35. години…
Филмската ѕвезда Неда Арнериќ (65) синоќа во тешка состојба завршила во болница…
Како што пишувавме, откако не ја добил на телефон нејзиниот брат со помош на бравар, пожарникари и полиција насилно влегол во станот каде ја затекнал на подот. Едвај дишела а околу неа имало шишенца со таблетки.
Како што пишуваат српските медиуми, итно била префрлена во болница каде сега состојбата и била стабилна.
Во средината на декември, минатата година, сопругот на глумицата, доктор Милорад Мештеровиќ ја загубил битката со тешката болест.
Се сакале полни 35. години, а култната глумица често истакнувала дека почитуваниот доктор е нејзина најголема љубов. „Поради се многу страдала и била на антидепресиви“, признала Неда.
„Тагата која ја чувствувам е неописива“, рекла Неда низ солзи во кусо интервју за 24сата.хр“.
Мештеровиќ во лекарската кариера се здобил со светски углед поради што бил и претседател на Светското здружение на максилофацијална хирургија. Љубовната приказна на Неда и Милорад била достојна на филмско сценарио па од нивните средби легендарната филмска глумица често се сеќавала и во интервјуата.
Умеела да се пошегува дека не ја памти датата на нивната венчавка бидејќи со сопругот, наместо годишници од брак, го славела датумот кога се запознале.
„Тој ми е мене се, син, брат, маж, тато, љубовник и пријател. Толку сум среќна што истуркавме заедно. Имаше тука разни чудесии, не бевме светци, но сме најголеми пријатели“, искрено во една пригода раскажала глумицата која во својата кариера снимила повеќе од стотина филмови.
На нејзиниот талент и изглед се восхитувала цела бивша држава, но Арнериќ, говорела само дека со сопругот Милорад ја нашла вистинската љубов.