(ВИДЕО) Александра Јанева со нов сингл „Срце отвори”

Поп-пејачката Александра Јанева има нова песна со видео-запис насловена „Срце отвори”.
По успехот на минатогодишниот сингл „Ќе се вратам некој ден”, Александра ја продолжува соработката со авторите Панче Илиев и Иле Спасев, а текстот е на Огнен Неделковски.
„Срце отвори е песна за сите нас кои секој ден се трудиме да се допаднеме некому, а сè што треба е искрено да се отвориме за да доживееме љубов, влезени во свој филм”, вели Јанева.


Песната има ретро лирик видео изработено од Pinestel продукција во режија на Пеце Здравковски.
На видеото пејачката е сама со својата бура од позитивни емоции која секој може да ја почувстува ако живее со отворено срце.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската претстава „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски вечерва на репертоарот на МНТ

Вечерва со почеток во 20:00 часот, на големата сцена во Македонскиот Народен Театар во Скопје, …