Позната американска актерка пронајдена мртва во нејзиниот стан

„Самошто дознав дека мојата драга пријателка, глумицата Лиса Шеридан починала. Седам во шок. Лиса и јас снимивме филм пред пет години и многу се зближивме и станавме добри пријателки. Толку ретко е да пронајдете така нежна душа во оваа индустрија, град…“

Американската актерка Лиза Шеридан (44) пронајдена е мртва во својот стан во Њу Орлеанс. Тоа денеска го потврди нејзиниот менаџер Мич Клем. Причината за смртта и понатаму не е утврдена, а актерката е најдена во својот стан во понеделник навечер. Се’ уште се чека наодот од обдукцијата.


Таа се прослави со улогите во сериите „CSI: New York“ и “Halt and Catch Fire”, пренесува prenosi Daily Mail.
„Лиса починала во понеделникот наутро а е пронајдена вечерта. Сеуште ги чекаме наодите од обдукцијата, а нејзината публика е девастирана со губитокот. Лиса беше многу сакана. На сите им е скршено срцето“, рекол мемаџерот.
Шеридан остварила повеќе од 30. ТВ улоги, а освен во “CSI”, се појавила и во “Mentalist”, како и во „Дијагноза за убиство“. Нејзината последна улога била во филмот “Strange Nature” во режија на Џим Ојала.


Лиса била свршена со Рон Ливингстон (51),кого го гледавме во улогата на Бургер во „Сексот и градот“. но не се венчале. Нејзините бројни славни пријатели изразиле сочувство до семејството, меѓу кои и Дона Д’Ерико (50), ѕвезда од „Спасувачка служба“. Тие две во 2015. година работеле на филмот “Only God Can“.


„Самошто дознав дека мојата драга пријателка, глумицата Лиса Шеридан починала. Седам во шок. Лиса и јас снимивме филм пред пет години и многу се зближивме и станавме добри пријателки. Толку ретко е да пронајдете така нежна душа во оваа индустрија, град…дури и светот. Навистина беше една од најслатките и најнежни жени со кои се имам сретнато во животот. Секогаш донесуваше позитивна енергија кога ќе влезеше во просторијата, дури и во тешки моменти. Сите кои ја познаваа ја обожуваа. Многу ќе ми недостасува“, напишала глумицата на социјалните мрежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …