(ФОТО) Несреќата не доаѓа сама – Господе зошто ми го правиш ова: Била застрелана, и ги ампутирале рацете и нозете па добила рак на града

Џули Домбо (63) од Канзас, настрадала како жртва на пукање во грабеж во 2015. година. Поради куршум во градите, рацете и нозете и останале без кислород па морале да и ги ампутираат. Две години подоцна добила рак на града…
„Ќерка ми ме капеше кога забележа јазли на дојката. Веднаш отидовме на лекар. Биопсијата потврди дека станува збор за рак на града. Не можев да поверувам, особено после се’ што минав. Господе, зошто ми го правиш ова? Зарем и рак? Но, помислив дека Бог беше покрај мене за време на ампутациите, па ќе биде со мене и во борбата со ракот“, им рекла Џули Домбо на новинарите.


Нејзиниот живот неповратно се променил во 2015. година. После прошетката застанала покрај продавница со електроника за да го поправи мобилниот пред да се врати дома. Стоела блиску до вратата не знаејќи дака вооружен напаѓач од службеникот барал пари. Мажот пукал кон неа и повеќе пати ја погодил во раката и градите, поконкретно во белите дробови. Тоа го прекинало кислородот до екстремитетите.
„Паднав на земја и само размислував дека не сакам да умрам“ се присетила, а пренесува Daily Mail.


Итно ја одвезле во болница. Била шест дена во кома. Се разбудила а тогаш сфатила дека е на респиратор и дека рацете и нозете и се потполно црни. Веднаш и било јасно каква е ситуацијата и се прашувала дали има надеж лекарите да успеат да и ги спасат рацете и нозете. На членовите на семејството лекарите им објасниле дека недостатокот од кислород и го оштетило ткивото на рацете и нозете и дека нема друг избор освен да и се ампутираат сите четири екстремитети.


Крадецот избегал но подоцна полицијата го пронашла и уапсила.
Во јануари 2016. година го осудиле на 31. година затвор.Домбо во болница минала повеќе од четири месеци. Минувала физикални терапии на кои учела како ќе живее со своето ново тело, ќе управува со животот од количка и ќе ги користи протезите. Нејзината осигурителна куќа,Blue Cross Blue Shield од Канзас, одбила да и плати пар бионички раце.

Во образложувањето напишале дека станува збор за луксуз. Поради тоа донаторите го собрале потребниот износ од околу 260.000 долари па околу Божик 2016. година успеала да купи бионички раце. Тоа и го олеснило животот бидејќи конечно можела самостојно да ги зема предметите, да се облече, да отиде до тоалет, дури можела да вози и автомобил.

Но, само една година подоцна ја добила дијагнозата за рак на дојка. Домбо на Фејсбук открила дека од јули лани одела на хемотерапии, а минатата недела ја примила последната. Споделила своја фотографија на која ѕвони на ѕвончето на одделот, со што многу пациенти го одбележуваат крајот на лекувањето и победата над свирепата болест.
„Под ѕвоното има кус текст кој говори за сите луѓе кои ѕвонеле. почнав да мислам на сите тие луѓе, преживеани борци и ме преплавија емоции. Беше многу емотивно да се ѕвони, но тоа беше и добро чувство“ заклучила Џули.

foto: GoFundMe и Facebook

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …