Животот на Селма Блер драстично се променил откако сфатила дека секој ден има се’ помалку контрола над сопственото тело.
„Знаев синот да го оставам километар и пол од куќата а пред да се вратам дома, морав да
запрам и да се одморам во автомобилот. Тоа ме убиваше“, раскажала ѕвездата на „Свирепи
намери“ во емисијата „Good Morning America”.
Но, пред и самата да се соочи со дијагнозата морала да мине бројни препреки. Дури во август 2018. година открила дека е болна од мултиплекс склероза, а иако тоа и на самата и било шок,истакнала дека тогаш почувствувала и олеснување.
„Кога ја добив дијагнозата, плачев бидејќи почувствував олеснување. Научив да бидам
подобра кон себе. Сега знам дека е во ред да се земе слободен ден ако тоа ми е потребно. Повеќе не чувствувам вина што низ животот одам полека“, објаснила Блер која јавноста со својата здравствена состојба ја запознала во октомври минатата година.
„Инвалид сум. Понекогаш паѓам. Работите ми испаѓаат од рацете. Сеќавањата ми се како во
магла, а мојата лева страна бара упатства од расипаниот ГПС за смер на движење. Имам
мултиплекс склероза“, изјавила таа.
На ниту еден родител, кој ќе се најде во слична ситуација не му е лесно на своите деца
да им објасни што се случува, но бидејќи Селма отсекогаш се трудела да биде искрена кон
својот седумгодишен син Артур, ништо поинаку не бил ниту сега.
„Мојот син Артур Сеинт, откако му реков од која болест сум болна, имаше само едно прашање“, раскажала глумицата и додала дека го интересирало дали мама ќе умре.
„Му реков дека никогаш не знаеме од што ќе умреме, но дека од оваа болест сигурно нема“, рекла Селма.
Освен тоа, била свесна дека е неизбежно нејзиниот син и самиот да забележи дека нешто чудно се случува. Поради тоа лагите не доаѓале предвид.
„Секогаш сакам да се чувствува сигурно и не сакам да мисли дека е одговорен за мене. Веќе виде како паѓам дома. Дури и почна да ме имитира“, раскажала.
Инаку, глумицата неодамна сите ги воодушевила со доаѓањето на доделувањето на наградите Оскар каде се појавила во неверојатен фустан и одејќи со помош на бастун.