(ФОТО) Lensoiis Maranhenses, пустина која ја красат тиркизни езера

Пустински дини окружени со вода е феномен карактеристичен само за една локација – Националниот парк Lençóis Maranhenses во Бразил.
Целото подрачје на паркот опфаќа околу 1.500 квадратни километри прекриени со бел свилен песок и дини помеѓу кои се наоѓаат безброј малечки тиркизни езера.


На прв поглед, Lensois Maranhenses изгледа како стандардна пустина. Но, технички гледано, ова не е пустина бидејќи се наоѓа во близина на реката Амазон, во регионот богат со врнежи. И покрај обилните дождови, Lencois Maranhenses поддржува малку вегетација.


Тиркизните езера (лагуни) се формираат со акумулација на дожд помеѓу песочните дини, а својот врв го досегнува помеѓу јули и септември. Изненадувачки, во лагуните живеат и неколку видови иако водата скоро потполно испарува во текот на сушната сезона. Рибите секоја година повторно ги населуваат лагуните благодарение на морските птици кои ги пренесуваат нивните јајца од морето.


Покрај рибите во паркот можат да се пронајдат и неколку видови птици, како и Буритис палми – една од ретките билки кои тука успеваат.

Некои подрачја на Lençóis Maranhensesa се населени со луѓе – и тоа обично со рибари кои вотекот на дождливите сезони ловат риба во лагуните. Кога паркот ќе пресуши жителите бараат работа во некој од регионите во Бразил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …