(ВИДЕО+ФОТО) Место на тишина: Село во кое мноштвото жители не слушаат!

Во прашумата на северот на Бали се говори ката колок – јазик кој не се изговара. Со тој знаковен јазик се служат глувите, но и разбираат оние кои сосема добро слушаат бидејќи невообичаено многу жители во селото Бенгкала имаат проблеми со слухот – дури десет отсто.
Причина за тоа е рецесивен ген кој ја предизвикува болеста, а зошто и како се појавил во толкава мерка научниците не знаат.


Бангкалците веруваат дека глувоста има врска со проклетството кое погодува седум генерации. Жителите кои немаат проблеми со слухот ги прифаќаат своите соседи помеѓу останатото, како што се и децата кои учат знаковен јазик. Туристите понекогаш се изненадуваат кога на улица ќе видат толку минувачи кои разговараат со раце.
Глувите ученици не учат по посебна програма бидејќи учителите го изговоруваат и го покажуваат градивото да можат сите да следат. Таму разликите помеѓу глувите и оние кои можат да слушаат се помали од било каде во светот.


Ако излезат вон Бенгкала настапуваат проблеми бидејќи сите не го знаат јазикот со раце. Тоа особено го чувствуваат на пазарите каде настануваат проблеми при разбирањето. Најчесто се служат со гестови и тегови на вагата за да се договорат со купувачите. Мноштвото население се сиромашни земјоделци кои одгледуваат банани, манго, гуава, чуваат крави и пилиња.
Младите во Бенгкала се’ повеќе се свртуваат кон комуникацијата со помош на телефон или знаковен јазик.


Kata Kolok from WTH on Vimeo.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …