(ВИДЕО+ФОТО) Откриена инспирацијата за оскаровската „Shallow“: Зависност преточена во хит!

Сакале да признаеме или не но големите хитови најчесто имаат некоја позадина која е инспирација за пишување песна…
Се чини дека токму искреноста на преживеаното го наоѓа патот до слушателите кои тоа го препознаваат и ја прифаќаат болката која ја носи текстот…


За многу кратко време песната Shallow го освои светот и собра низа награди и признанија. Секако песната е врвно дело кое веднаш влегува во глава. Овој хит во изведба на Бредли Купер и Лејди Гага годинава доби награда и за најдобра оригинална песна на Оскарите 2019.Иако допира до секое срце, сепак многумина не ја знаат вистината за оваа емоотивна песна.


Имено овие стихови се напишани според вистинска животна приказна за зависност од дрога и алкохол, за издигнувањето од дното до врвот.Се работи за животната приказна на инди-рок музичарот Ентони Росомандо (42) кој бил зависен од дрога и преспивал кај пријателите и ја продавал својата музичка опрема за да преживее.


Но и покрај се тој успеал да се избори со својот порок и годинава се појави на Златни Глобуси, Греми, и на Оскарите 2019 каде доби и награда за песната „Shallow“ од филмот „A Star Is Born“, на која се потпишува како ко-автор со Марк Ронсон, Ендрју Вајт и Лејди Гага.
Ентони открил дека откако Лејди Гага го прочитала сценариото помислила дека тој добро ќе се вклопи во целата приказна.Вели разговарал со Бредли Купер неколку пати за неговиот лик Џексон Мејн, кој исто така има проблем со зависност.

„Сите имавме чувство дека ќе се поврзам со ликот. Имав сличен ментален склоп, па затоа
Гага ме сметаше за вистинскиот кандидат“, рекол Ентони.
Додал и дека е воодушевен од успехот на песната, но сè уште е внимателен кога говори за
своите зависности и ментални проблеми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера Винодонија 2024 ќе се одржи на 13-ти и 14-ти …