(ВИДЕО) Никогаш не вели никогаш: Со лисици на рацете им избегал од полициска станица!

Осомничен за напад во Висконсин, САД, е фатен на камера како со лисици на рацете, преку прозорец,бега од полициската станица.
Кантрел Д. Шварцлоу (17) успеал да избега од полициската станица во Џененсвил откако бил оставен сам во собата за испитување. Тинејџерот бил извлечен од училницата во средното училиште на 18. октомври и уапсен поради сомневање за сексуално злоставување од втор степен, гушење и задавање на телесни повреди на 1. октомври.
Шварцлоу истиот ден бил уапсен и завршил во собата за испитување а на снимката, која сега се појавила на LiveLeak, се гледа како бега од собата додека детективите излегле надов. Околу 14 минути подоцна детективот се враќа во собата и ја наоѓа празна. „Нема шанси“ промрморел кога го видел отворениот прозорец.


Скриншот: YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …