(ВИДЕО) Решение за сите на кои батеријата на мобилниот бргу им се троши

Два големи тренда во развојот на умните телефони со се побрзи процесори и се полесни и потенки апарати…
Секако, недостаток е што побрзите процесори имаат потреба од повеќе енергија, а тенките дизајни не оставаат многу простор за батерија поради што секој од нас сигурно знае некој кој го полни телеефонот каде ќе стаса.
Поради тоа своето место на пазарот би можел да го заземе паметниот телефон на Avenir

Telecom, Power Max P18K Pop, со рекордна батерија од дури 18000 mAH (батериите на просечниот паметен телефон имаат околи 2,500 – 3,500 mAH).


Прозведувачите тврдат дека со едно полнење ќе можете да разговарате 90 часа (полни 4. дена) или да гледате видеа во континуитет дури 48. часа – додека батеријата на „Андроид“ која не се користи активно ви требала да издржи 50. дена. Секако,големата батерија подолго и ќе се полни, а „Авенир“ вели дека потполно полна би требала да биде за 8. часа.


Секако, станува збор за поголем апарат, кој е три пати подебел од Ајфон. Оваа „батерија на телефонот“ има место и за пет камери (две за селфи и три задни),6 GB меморија и капацитет од 128 GB.
Power Max P18K Pop во продажба би требало да се најде од лето а цената засега не е позната.


Фото: Avenir Telecom

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …