(ФОТО) Настраданата водителка Деа се вратила на работа:„Се’ може да се истурка со насмевка!“

„Мене како никогаш да не си ми била отсутна“, и рекол колега со кого ја водела утринската програма. Српската водителка не се опоравила во потполност бидејќи сеуште ја чекаат терапија и рехабилитација…



Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ (27), на која налетал автобус и и’ ја откинал раката, после четири и пол месеци повторно е во студиото на Пинк телевизија. Водела утринска програма со колегата Предраг Сарап, пренесува Курир.рс.
„Мене како никогаш да не си ми била отсутна“, и рекол колегата а таа му одговорила:
„И јас така се чувствувам. Ме дочекаа со аплауз“.



Деа му честитала на колегата што секое утро станувал во пет и водел програма.
„Беше тешко, но понекогаш и тажно. Понекогаш ми беше неиздржливо сето тоа да го истуркаме и секогаш се однесував како и ти да си тука“, рекол Сарап со солзи во очите и нагласил дека нема да се расплаче.


Деа не се опоравила потполно, уште ја чекаат терапии и рехабилитација.
„Имав многу операции за да го сочувам животот, тоа се повеќекратни повреди. Раката ми беше ампутирана, тртичната коска, ногата ми беше парализирана…Тоа беа тешки повреди и сето тоа може да се истурка со насмевка. Колегите, мајка ми, баба ми, пријателите, сите луѓе ми дадоа поддршка“, раскажала Деа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …