ТРАГЕДИЈА: Познатиот музичар Касијус Филип Здар починал после паѓање од зграда во Париз

Францускиот Ди Џеј,  музичар и продуцент, Филипе „Здар“ Карбонески, член на денс-дуото Касијус, трагично загинал вчера откако паднал од прозорец од зграда во Париз. Тажната вест денеска ја потврдил неговиот менаџер, Себастијан Фаран, без да открие повеќе детали за несреќата.
Карбонески загинал во раните 50-ти години од неговиот живот, а во својата продуцентска кариера соработувал со голем број на светски музички ѕвезди како Џеј Зи, Бисти Бојс, Франц Фердинанд и уште многу други.
Полицијата се уште не соопштила никакви детали за трагичниот настан, само информирале дека ја истражуваат несреќата и сите околности под кои се случила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …