Бесплатна филмска проекција на „Пријателка“

Во четврток, 27-ми јуни, во рамките на Месецот на гордоста на ЛГБТ луѓето во градското кино Милениум со почеток од 20 часот ќе се одржи проекција на играниот филм „Пријателка“ (ориг. „Rafiki“), кој ни ги доближува проблемите и предизвиците со кои се соочуваат геј-луѓето во општество каде истополовата љубов е забранета, а хомосексуалноста е кривично дело кое се казнува со затвор од 5 до 14 години.Во режија на Ванури Кахиу, „Пријателка“ е кениски игран филм за пријателството и деликатната љубов која се развива меѓу две млади жени, Кена и Зики, Филмот беше забранет за прикажување во сопствената земја, но ги освои срцата на луѓето ширум светот и доби бројни пофални критики.


Се вели дека „добрите кениски девојки стануваат добри кениски сопруги“, но Кена и Зики копнеат за нешто повеќе. И покрај политичкото ривалство меѓу нивните семејства, девојките истрајуваат и остануваат блиски пријателки, поддржувајќи се меѓусебно во следењето на своите соништа во едно конзервативно и религиозно општество какво што е она во Кенија. Кога љубовта процветува меѓу нив, тие ќе бидат приморани да направат избор меѓу среќата и безбедноста.
„Пријателка“ ја имаше својата интернационална премиера во програмата „Un Certain Regard“во рамките на официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2018 година; инаку тоа беше првиот кениски филм прикажан на фестивалот. Досега има освоено десеттина награди на повеќе филмски фестивали во светот.


Билетите за еднократната филмска проекција се бесплатни и може да се подигнат на билетарницата на киното. Настанот го организираат Скопје филм фестивал и Млади артивисти за промена во соработка со Здружението за културен и медиумски актвизам КВИР СКВЕР од Скопје и со финансиска поддршка од Амбасадата на Холандија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …