(ФОТО) НАЈПРОКОЛНАТ град во Европа: Ниту Италијанците не го изговоруваат неговото оригинално име!

Антрополозите кои одлучиле да ја разоткријат тајната на гратчето не поминале добро. Набрзо по доаѓањето ги снашле несреќи, болести, а жителите на „оној град“ заклучиле дека за сето тоа е криво проклетството.
На врвот на зелените ридови, на околу два часа возење од Бари, се наоѓа Колобраро, гратчето кое на прв поглед делува како идилично место.

Доколку одлучите да го посетите ова бајковите гратче на југот на Италија, никако немојте да го изговарате неговото име затоа што тогаш би можело да влезете во неволја. Барем така веруваат Италијанците, кои наместо тоа морничаво зборче кое почнува на буквата „К“, го избираат изразот „chillu paese“, што на локален дијалект значи „оној град“.

Во градот кој носи несреќа луѓето тврдат дека проклетството е старо како и самите темели, но според легендата тоа „спиело“ до 20.от век кога го разбудиле некој правник и некоја вештерка.
Како филмско сценарио, адвокатот кој никогаш не изгубил ниту еден случај, а во една прилика во судницата рекол: „Ако лежам нека падне овој лустер над нас!“.
Лустерот паднал. Во тоа време почнало да се зборува дека групата локални жени се занимавале со црна магија, а ги предводела La Cattre, бабата која ја сметале за вештерка.
Антрополозите кои одлучиле да ја разоткријат тајната на гратчето не поминале добро. Набрзо по доаѓањето ги снашле несреќи, болести, а жителите на „оној град“ заклучиле дека за сето тоа е криво проклетството.
Наместо да се отселат, жителите сите тие уроци ги свртиле во своја корист па направиле разни свечености и фестивали во кои облекуваат костими и носат волшебници, а туристите кои ги посетуваат носат посебни амајлии за да не им наштетат злите сили.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …