Кога станува збор за парите, таа е вистинска „златна кокошка“. Лејди Гага оваа година на полиците ставила многу награди меѓу кои се највредни и најпрестижни Греми, Оскар и Златен глобус.
По неа не „се откачиле“ само нејзините „малечки чудовишта“ туку целиот свет. Таа е популарна скоро една деценија, а 2019. била нејзина најпрофитабилна година во животот.

Стефани Џоан Анѓелина Германота настапува цел свој живот, почнувајќи од четвртата година кога свирела клавир. Првпат пеела на 14. години во едне ноќен клуб во Њујорк и тогаш почнала нејзината музичка кариера.

Нејзиниот посебен ангажман во Лас Вегас подразбира 74. настапи, а за секој од нив наводно заработува по 1. милион долари. Дури и многу попознати ѕвезди како Селин Дион и Бритни Спирс ретко добиваат повеќе од половина милион за една вечер.
Таа соработува и со познати куќи како Versace, Google Chrome, MAC i Dud Light во чии реклами се појавува. Има и свој парфем „Fame“ и нова линија на шминка „Haus Laboratories“.

Наводно во 2019. година инкасирала 90. милиони долари и од тронот на листата на Форбс на 100. познати личности ја исфрлила Опра. Така станала една од највлијателните ѕвезди од шоу бизнисот.

Гага себе си во 2014. година си купила куќа во Малибу вредна 22,5 милиони долари, пишува Womenshealthmag. Таа куќата ја нарекува „циганска палата“, а пред да стане сопственичка на оваа недвижнина живеела во пентхаус со поглед на централ парк во Њујорк кој го плаќала 22.000 долари месечно.

Се проценува дека пејачката е „тешка“ 320. милиони долари, според пишувањето на сајтот CelebrityNetWorth.com. Со оглед на нејзиниот недамнешен успех и награди, веројатно оваа бројка сега е и многу поголема.
ekran платформа за слободоумни