(ФОТО) НАЈИСЧЕКУВАНИ ОСКАРИ: „Џокер” со најмногу номинации, но „Медена земја“ со две ги освојува и’ публиката и’ критичарите!

Јужнокорејскиот филм „Паразит” на режисерот Бонг Џун-Хо, има шест номинации.


„Ирецот“ на Мартин Скорсезе би можел да му донесе уште една награда за најдобар режисер, откако 2007 го доби Оскарот за филмот „Покојните”. Ова е, воедно, деветта номинација за Скорсезе во категоријата најдобар режисер.


Кога станува збор за поединечните признанија, скоро е извесно дека Рене Зелвегер и Хоакин Феникс ќе ги добијат наградите за најдобра глумица и глумец.


Ако Феникс го освои Оскарот за најдобра машка главна улога годинава, тоа ќе биде вторпат ликот „Џокер” некому да му го донесе ова актерско признание, по она на Хит Леџер 2009 година.

Бред Пит, со улогата на каскадерот во „Беше еднаш во Холивуд”, е главен фаворит за најдобра машка споредна улога. Како и Пит, и Лора Дерн и досега ги освои сите престижни награди во категоријата за најдобра споредна глумица, за улогата на бракоразводна адвокатка во филмот „Брачна приказна”, поради што речиси и да нема сомнеж дека на 9 февруари, таа ќе отиде дома и со Оскарот.

„Брачна приказна” на Ноа Баумбах е огромен миленик на публиката и критичарите оваа сезона, но ќе се соочи со силна конкуренција во категоријата за најдобро оригинално сценарио, каде во трката се и филмовите „Беше еднаш во Холивуд”, чиј сценарист и режисер Квентин Тарантино е двоен победник во оваа категорија, како и „Ирецот”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

Од 13 до 18 мај во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи XXIV …