(ФОТО) НАЈИСЧЕКУВАНИ ОСКАРИ: „Џокер” со најмногу номинации, но „Медена земја“ со две ги освојува и’ публиката и’ критичарите!

Како никогаш досега го исчекуваме годинешното доделување на најсјајните награди во филмската индустрија – Оскарите…И, тоа не случајно,туку затоа што имаме кандидат со две номинации…а се’ ќе се знае во ноќта од недела кон понеделник…
Во Лос Ангелес во недела ќе биде одржано 92. доделување на Оскари, а најмногу номинации – 11, има филмот „Џокер” на Тод Филипс.


Македонскиот документарец „Медена земја“ режиран од Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е можен добитник на две престижни признанија од американската Академија на филмска наука и уметности.


Покрај „Џокер”, уште осум филмови се во трката за најдобро филмско остварување за 2019 година. Како најсериозен противкандидат на „Џокер” се спомнува „1917″ – филм на британскиот режисер Сем Мендез, што има вкупно 10 номинации. Оваа воена драма на овогодишното доделување на БАФТА наградите го освои признанието за најдобар филм и шест други одличија.


Меѓу главните фаворити за најпрестижното признание, е и носталгичната ода на Квентин Тарантино за последните денови на стариот Холивуд – „Беше еднаш во Холивуд”, со 10 номинации.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …