(ФОТО) Набргу по интервјуто на Инстаграм се појавила досега невидена фотографија на Меган и Хари

САМО неколку часа по објавувањето на интервјуто на социјалните мрежи, се појави фотографија од Меган Маркл и Хари во семеен амбиент.
Фотографот Мисан Хариман, близок пријател на парот, објавил невидена фотографија од нивната градина. На црно-бела фотографија се гледа како Хари ја гушка Меган од позади, додека таа во рацете го држи нивниот син Арчи. Инаку, Хариман направи и фотографија со која Меган објави дека е повторно бремена.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)


„Колку прекрасна вест за Меѓународниот ден на жената. Ви честитки, пријатели и Хари, добредојдовте во клубот на татковци на девојчиња”, напишал фотографот во описот на емотивната сцена што многумина сега ја споделуваат на социјалните мрежи.
За потсетување, парот во интервјуто за Опра Винфри открил дека очекуваат девојче кое треба да се роди ова лето.
Но, и Меган објави серија фотографии во кои ја велича улогата на мајката – во овој слуај нејзината но и на Хари.


Првото големо интервју по напуштањето на кралските должности
Неделното интервју беше првото големо интервју на двојката откако се преселија од Велика Британија и ги напуштија кралските должности. Меган признала дека се соочила со самоубиствени мисли за време на нејзината бременост, а Хари рече дека неговиот татко, принцот Чарлс го изневерил.
Тие разговарале и за наводниот расизам во палатата. Меган рекла дека некои луѓе во кралското семејство биле загрижени за тоа „колку ќе биде темна кожата на Арчи кога ќе се роди“.

Си-Би-Ес објави дека интервјуто привлекло најголема публика за некои посебни забави од телевизискиот пренос на Оскарите во февруари 2020 година. Интервјуто на Меган и Хари го следеле околу 17,1 милиони луѓе. Тоа беше исто така најгледаниот настан во неделата во ударен термин во повеќе од една година освен Супер Боул, објави Си-Би-Ес.

Бакингемската палата сè уште нема коментар за интервјуто, кое беше главна тема на дискусија следното утро на социјалните мрежи, во утринските телевизиски емисии и на насловите на весниците во Велика Британија и во странство.
Хаштагот #HarryiMeghankodOprah беше во првите пет трендови во светот на Твитер за време и по емитувањето на интервјуто.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …